Вработени 10 жени Ромки преку проект на МЦЖП Шелтер центар
Десет жени Ромки се вработија со помош на проектот „Поддршка за инклузија на жените Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на труд“, во организација на Македонски центар за женски права Шелтер центар.
Оваа бројка е половина од вкупно 20-те жени од маргинализирани заедници во Скопје, кои се дел од проектот.
- Нашата цел да и помогнеме на оваа категорија жени успешно се остварува и во другите два града каде проектот се спроведува - Куманово и Битола. Задоволството е огромно кога некому му помагаш да најде излез во животот, и пресреќна сум што резултатите се видливи: жените се интегрираат на пазарот на труд, вели Даниела Дабеска, директор на МЦЖП Шелтер центар.
За само неколку месеци, почнувајќи од април, дел од оваа маргинализирана група веќе се вработи, а останатиот дел одлучија да се надградуваат преку бесплатни курсеви за компјутери и англиски јазик, овозможени во соработка со Агенцијата за вработување.
За овие жени најголемо задоволство е што полека успеваат да ги разбијат бариерите, некои и самите си ги поставиле чувствувајќи се дискриминирани и неконкуретни на пазарот на труд. Важно е да им се даде ветер во грб.
Инаку проектот е финансиран Европска Унија и е во партнерство со ромска организација ДРОМ од Куманово и со Агенцијата за вработување на Македонија.
Ново на Сител
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот