Вработен во пошта украл 83,822 денари
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(32) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, вработен во Македонска пошта - подружница ЦРПС Тетово, Долно Палчиште, тетовско, ја злоупотребил службената положба и овластување така што во временскиот период од јануари 2020 до 28.04.2020 извршил неовластено присвојување на парични средства во негова корист од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примател на пензија. Имено, пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите