Вработен во германското разузнавање уапсен за објавување исламистичко соопштение
Вработен во германската разузнавачка агенција БФВ е уапсен, откако на интернет објавил исламистичко соопштение и интерни материјали на агенцијата.
Германските медиуми објавија дека уапсениот бил осомничен и за планирање бомбашки напад врз седиштето на БВФ во Келн, но претставник на агенцијата ги отфрли ваквите тврдења.
- Нема докази за постоење на некаква конкретна закана, изјавил овој претставник.
Уапсениот е Германец кој преминал во Ислам, кој од неодамна бил ангажиран во агенцијата за да учествува во надгледувањето на ситуацијата со исламистите во Германија.
Медиумите тврдат дека човекот бил уапсен со помош на „информатор“ на агенцијата, откако тој и уапсениот разговарале преку интернет за изведување можен бомбашки напад.
БФВ е Федерална служба за заштита на уставниот поредок и претставува контраразузнавачка агенција.
Според разузнавачки податоци кои од порано се објавени во домашната јавност, во Германија има околу 40 илјади исламисти, вклучувајќи и 9.200 ултра конзервативни исламисти - салафисти.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори