Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци

Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци, а приведен е и жител на неготинско село кој ја нападнал сопругата, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 19:35 часот во ОВР - Кавадарци, А.Д., на возраст од 49 години од Неготино, пријавил дека додека бил на работно место во фирма во Кавадарци, бил физички нападнат од Ќ.М., сопственик на фирмата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснуваат од СВР - Велес.
Подоцна, во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода Ц.Ј., 66-годишник од неготинско село, затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга.
- Ц.Ј. бил задржан во полициска станица. За настанот, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против Ц.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР - Велес.
Оттаму информираат и дека вчера во 13 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино извршиле претрес во домот на А.Т., 45-годишно лице од Демир Капија. Тоа, по претходно издадена наредба од Основен суд - Неготино.
- При претресот биле пронајдени и одземени пакувања со пиротехнички средства-петарди. По документирање на настанот, против А.Т. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрчкувачки материи“, предвидено по член 396 од КЗ, додаваат од СВР - Велес.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
