-->
-->
Вработен на ЕВН физички нападнат додека менувал броило во куќа во Жеровјане
-->
А.К. вработен во подружница на ЕВН во Тетово физички бил нападнат од И.А. (45) од село Жеровјане додека со колега менувале електрично брило во дворот на неговата куќа.
- Вчера А.К. (51) од село Волковија, тетовско, вработен во ЕВН „Македонија“-КЕЦ Тетово, пријавил физички напад од И.А.(45) од село Жеровјане, тетовско. Додека А.К. со негов колега менувале електрично броило во дворот од куќата на И.А. во Жеровјане, околу 13.20 часот тој им се доближил и со тупаници повеќе пати го удрил А.К по главата и телото. После тоа и двајцата ги навредувал и им се заканувал, по што го напуштиле местото на настанот, соопшти МВР.
И.А. бил лишен од слобода и по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија