Живот
25. March 2016 - 12:50

Вознемирувачко: Жена брутално прегазена од комбе на пешачки премин

Додека поминувала низ прометна раскрсница и тоа на пешачки премин, едно комбе собори жена.

Без никакво кочење ја турна и потоа помина преку неа. Кога запрел, жената и натаму му била под возилото, па многу минувачи притрчаа да и помогнат на несреќната жена.

Со заеднички сили успеале за 48 секунди да ја извлечат повредената Кинеска, пренесуваат локалните медиуми од кинеската провинција Анхуеј.

За среќа жената не била тешко повредена.