-->
-->
Вознемирувачко видео: Слугинка висела од 7 кат, а газдарицата само снимала
-->
На година и осум месечи затвор, кувајтскиот суд ја осудил жената која со мобилен телефон ја снимала слугинката од Етиопија како паѓа од седми кат.На шокантната снимка се гледа како Етиопјанката плаче и моли за помош додека виси од балконот држејќи се за рамката со рака. Во еден момент паѓа на метална тенда.
За среќа, преживеала, но ја скршила раката. На снимката може да се слушне како помошничката вика: “Држи ме, држи ме” и тоа неколку моменти пред раката да и лизне од оградата.
Меѓутоа, сопственичката на станот не само што не и помогнала, туку и продолжила да ја снима нејзината агонија.
Бидејќи, воопшто не и помогнала на несреќната жена, туку целото време снимала, на крајот завршила во затвор.
Кувајт е дом за повеќе од 600.000 домашни помошнички. Повеќето од нив се од азиски или африкански држави. Многу од нив се жалат на злоставување, понижување и неисплатени плати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
