Вознемирувачко видео: Медицинска сестра тепа жена во дом за стари лица во Косово
Косовската полиција соопшти дека во Домот за стари лица во Пеќ се приведени три лица поради сомнение дека извршиле физичко насилство врз постара штитеничка.
Според тамошните медиуми, полицијата реагирала откако на социјалните мрежи се појавила снимка од медицинска сестра која и удира шамар на штитеничка од домот за стари лица „Оренда“.
Фадиљ Гаши, портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, изјавил дека нападот се случил на 29 октомври, а медиумите на албански јазик во Косово и Метохија објавија дека се уапсени три лица.
„Клан Косова“ јавува дека меѓу уапсените се и менаџерот и две медицински сестри.
Снимката од насилството врз старицата ја пренесоа речиси сите електронски медиуми на Косово и Метохија, а за случајот беше ангажирана и здравствената инспекција, пренесуваат тамошните медиуми.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
