Вознемирувачко видео: Мајката го држела синот врзан за ланци 12 години, а причината е срцепарателна
Странските медиуми објавија шокантна снимка на која се гледа глувонемо момче во ланци, а потврдено е дека мајката го држела заклучен во куќата повеќе години.
Страотните снимки кои испливаа во јавноста го покажуваат глувонемиот Ванг Џинчијанг (41) кој е врзан со ланци во камената куќа. Неговата мајка Јуе Ронг (77) призна дека го држела врзан последните 12 години за да спречи да ги повреди другите.
Ванг е роден како глувонем и како мал е испратен во училиште за деца со посебни потреби. Меѓутоа почнал да развива психички проблеми зошто другите деца го злоставувале. Потоа го испратиле дома каде родителите го врзале.
Неговата мајка рече дека состојбата со тек на време му се влошила и почнал да ги напаѓа другите луѓе по селото Денгфенг, во провинцијата Хенан.
-Додека беше жив мојот маж, тој се грижеше за нашиот син. Но кога умре пред 12 години не можев самата да го контролирам, рече Ронг.
Како што вели, немала избор туку да го врзе и заклучи во камената куќа.
Неговата сестра Ванг Шуфен (50) плачела секојпат кога ќе го посетела братот кој животот го поминал како животно. Како што вели, и се кршело срцето кога братот ја молеле да го ослободат.
Локалната власт на семејството му обезбеди субвенции, но се надева и дека јавноста ќе помогне да се соберат доволно средства Ванг да се испрати во психијатриска болница на лекување и нега.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната