Бизарно но вистинито
14. April 2016 - 11:12

Вознемирувачко: Сакаа да се поиграат со ајкула па се покајаа!

Од видеото кое го направил брачен пар од Австрија ќе ви се заледи крвта. Додека се возеле во близина на една плажа, здогледале ајкула и одлучиле да ја снимаат.

Тие сакале да имаат оригинална снимка, па се приближиле до ајкулата и таа им се фрлила.

- Додека се возевме со скутерот, сфативме дека до нас има голема ајкула. Одлучивме да и пријдеме за да ја снимиме, но изгледа дека премногу се приближивме. За среќа поминавме само со гребнатинки, пишува под видеото кое е поставено на Јутјуб. 

Еве зошто не треба да си играте со ајкулите.