Вознемирувачко: Крокодил зграпчил момче, телото го донел откако врач му фрлил магија

Еден маж, познат само како Сијарифудин (41) се бањал со својот пријател во река кога огромен крокодил го нападнал и го повлекол во водата во индонезискиот град Берау.
Очајните роднини го пребарувале подрачјето долж реката, но не го нашле. Не го пронашла ниту полицијата, па претпоставиле дека ѕверот го повлекол во длабочината на реката Лемпак.
Мештаните потоа го повикале врачот кој фрлил некаква магија за Сијарифудин да се врати жив. Неверојатно, но неговото тело се појавило следниот ден. Крокодилот е снимен како се движи кон брегот со телото во забите, а толпата се собрала ужасната од глетката. Тогаш само го пуштил безживотното тело од вилицата, што ги навело мештантие да заклучат дека крокодилот, кој може да порасне до 5,2 метри, всушност ја чувал жртвата од останатите предатори.
Мештанинот Ет рече дека постои мит кој тврди дека сите кои се бањаат со облека во реката ќе останат неповредени, а оние кои се бањаат голи ќе ги нападне крокодил.
Сијарифудин е пронајден мртов со повреди на десната страна од ребрата. Полицијата соопшти дека најважно е што телото е пронајдено, а мештаните сега се во лов на крокодилот.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
