Вознемирувачки: Навивачи на Бока јуниорс убија фан на Ривер Плата
Пресметките на најлутите аргентински ривали Бока јуниорс и Ривер Плата секогаш предизвикуваат засилени емоции кај навивачите на двата тима кои и тоа како често знаат да преминат во грозоморни чинови на насилство.
По финалето од Копа Либертадорес, кое го освои Ривер Плата, страшни информации и фотографии доаѓаат од Аргентина. Во провинцијата Мисионес, двајца навивачи на Бока јуниорс го убиле 21-годишниот Арон Нерис додека ја прославувал победата на својот Ривер.
Младиот Арон бил избоден до смрт од хулиганите симпатизери на Бока само затоа што ја прославувал победата на својот тим.
„Ме нападнаа само затоа што славев за мојот Ривер“ – биле последните зборови на 21-годишното момче, кое ги привлекло напаѓачите и поради дресот на Ривер Плата кој го носел на себе во дел од градот каде поголемиот дел биле приврзаници на Бока јунирос.
Ново на Сител
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска
-
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица