Продолженија на три собраниски седници
Собранието денеска седници ќе одржи продолженија три пленарни седници - 49-та, 22-та и 41-та.
Предлог на закон за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање е единстената заостаната точка на дневниот ред на 49-та седница.
На дневниот ред на 22. седница се останати Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година, Предлогот за разрешување на членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и Предлогот на декларација за признавање на Државата Палестина.
На продолжението на 41. седница треба да бидат ратификувани Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и Предлог на закон за ратификација на измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година, како и изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање.
Ново на Сител
-
Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест | ВИДЕО
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија