Македонија
22. August 2023 - 12:21

Возило удрило во ѕид на автопатот Скопје-Велес - Тешко повредена малолетничка

На 21.08.2023 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Велес, во близина на место викано „Манастири“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.И.(77) од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот, соопшти МВР:

По несреќата возачот П.И. и сопатниците Е.П. (37) и една малолетничка биле пренесени во Јавна здравствена установа Велес каде на Е.П. и малолетничката им биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.И. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.