Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за гранична полиција и Полициската управа во Врање откриле и заплениле околу 12,2 килограми растителна материја за која постои сомнение дека е марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“, јави дописникот на МИА од Белград.
- Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Република Северна Македонија, во товарниот дел и кабината на возилото пронашле неколку пакувања со околу 12,2 килограми растителна материја за кои постои сомневање дека е марихуана, соопшти МВР на Србија.
Во истрагата се вклучени дежурен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање и полициски службеници.
По наредба на дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Ново на Сител
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции