-->
-->
Возило се преврте во тунелот на делницата Гевгелија - Неготино, тешко повредено едно лице
-->
Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија - Неготино, информацијата утрово ја потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
- Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, појасни Самарџиев за МИА.
Според првични информации, едно лице е тешко повредено во сообраќајката.
Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг
-
Петар Јанков прогласи победа во Струмица
-
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
-
Касами прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Тетово
-
Јовановски: Над 5,000 гласови предност во првиот круг
-
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
-
Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече
-
Дарко Костовски прогласи победа во првиот круг во Бутел