Возење за паметење: Скопски таксист доживеа сташно злосторство
Рано утрово околу 02,20 часот во Скопје на ул.„Ангел Динев“, во такси возило „Мерцедес“, управувано од В.М. од Скопје, влегле три машки лица на возраст од околу 20 до 25 години и му рекле на возачот да вози во правец на населбата Ѓорче Петров-2.
Кога стигнале кај бензинската на “Макпетрол“, лицата побарале од В.М. да сврти десно на ул.„Панајот Гиновски“, а потоа застанале пред локален маркет.
Го прашале В.М. колку треба да платат, но во наредниот момент лицето што седело зад возачкото седиште извадило нож и му го ставило ножот под грлото со сериозна закана по неговиот живот.
Притоа, му го побарале прометот, а второто лице кое седело на задното седиште зад совозачкото го удрило В.М. со тупаница во пределот на лицето, додека третото лице кое било на совозачкото седиште од десниот џеп му одзело околу 9.840 денари, а од левата рака му го одзел рачниот часовник марка “Касио Едифис“.
По ова трите лица излегле од возилото и побегнале. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот