Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
На 11.05.2025 во 14.55 часот на магистрален пат Тетово –Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар при радарска контрола констатирале дека К.Р.(32) од Косово управувал патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 км/час.
Во 15.00 часот С.С.(55) од с.Преглаво, општина Пласница, управувал патничко моторно возило „ауди“ со италијански национални ознаки со брзина од 156 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час. Во 16.40 часот, Д.К.(34) од Тетово управувала патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 167 км/час на место каде дозвочлената максимална брзина на движење е 80 км/час.
Во 17.45 часот, Д.З.(29) од Скопје управбувал патничко возило „гили“ со скопски регистарски таблички со 161 км/час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 км/час.
Тие биле лишени од слобода и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар