Македонија
10. November 2025 - 12:04

Возел со брзина од 192 километри на час на место каде е дозволено 100, приведен 32-годишник

На 09.11.2025 во 13:35 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ќ.И.(32) од с.Врапчиште, гостиварско.

При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 192 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.