Возел пијан и удрил во малолетничка па го напуштил местото, приведен возач во Македонска Каменица
Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица.
Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“