Свет
4. March 2020 - 11:20

Воздушен напад на САД врз талибанците

САД извршиле воздушен напад врз позициите на талибанците во провинцијата Хелманд, на југот од Авганистан, што претставува прв американски напад врз нив од потпишувањето на договор.

Британските медиуми наведуваат дека претставникот на американската војска во Авганистан, полковникот Сони Лигет, изјавил дека нападот бил изведен бидејќи талибанците активно напаѓале контролен пункт на авганистанските национални безбедносни сили.

-Од тие причини врз талибанските напаѓачи биле изведени дефанзивни воздушни напади, изјави полковиникот Лигет.

Тој изјави дека Вашингтон посветено се залага за мир, но на талибанците им упатил апел да ги прекинат „непотребните напади“ и да ги почитуваат обврските преземени со потпишувањето на договорот минатата сабота во Доха.

Американските медиуми информираат дека американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди веста дека телефонски разговарал со лидерот на талибанците