-->
-->
Воздушен балон со оган летал над демирхисарско
-->
Во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар вчера било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во демирхисарско село Вирово, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.
-Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија