Возачот во шок: Се запали автобус со 15 патници во него
Автобусот број 28 кој возел околу 13 часот кон Сплит со 15 патници во него, се запалил.
Имено, возачот застанал на една станица на самиот источен влез од градот кога собрал уште некој патник, кога пред него закочило едно БМВ. Возачот му рекол дека има оган во задниот дел од автобусот. Возачот излегол и им рекол на патниците веднаш да излезат од автобусот. Кога излегле, огнот се проширил и буквално го проголтал задниот дел од автобусот.
Возачот повикал пожарникари и се обидел пламенот да го изгасне со ПП апарати но без успех. Пожарникарите стигнале за некоја минута и го изгаснале огнот, но автобусот потполно изгорел.
-За 19 години колку што возам автобуси, вакво нешто никогаш не ми се случило. Потрошив 9 противпожарни апарати, но не можев да го изгаснам огнот. Најважно е што никој не е повреден, а немаше ниту паника, рече возачот.
Од синдикатот на Промет порачаа дека 10 години не е купен нов зглобен автобус и дека тоа што не е обновен возниот парк е срамата за Сплит.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата