Возачот изгубил контрола над воланот, утврди увидот
Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над воланот, а за да се утврдат причините за несреќата, наредена е обдукција на жртвите и вештачење за интоксикација на возачот.
Несреќата што се случи утрото околу 5 часот и 25 минути на автопатот Горичан-Загреб во правец на Загреб кај градот Брезница ја истражуваше заменичката на жупанискиот правобранител на Вараждин, заедно со полициски службеници од полицијата во Вараждин, информираше на својата веб страница Државното обвинителство.
Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска, изгубил контрола над воланот на возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.
Хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ потврди дека истрагата на местото на несреќата е завршена.
„Автобусот е однесен на обезбеден паркинг. Што се однесува до предметите на патниците, тие се чуваат во просториите на полициската управа Вараждин. Тие предмети ќе им бидат доделени на луѓето по барање од официјални институции“, рече тој.
„Во автобусот имало 44 лица (42 патници и 2 возачи), 32 лица се згрижени, а 12 починале“, потврди Божиновиќ.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
