-->
-->
Возачи во Романија краделе бензин од возилата на Брзата помош
-->

Вкупно 16 возачи на Брзата помош во Романија се под истрага бидејќи се осомничени за крадење на бензин од возилата, што можело да доведе до смрт на осум пациенти.
Обвинителот, Маријан Сорин Лија рече дека возачите од градот Корабија, на југот на земјата, биле осомничени за кражба на бензин од 2013 до 2015 година.
Тие како што соопштија властите за време на итните случаи возеле побавно со возилата со цел да потрошат што е можно помалку бензин. Исто така, тие се под истрага за проневера и лажно сведочење.
Романскиот обвинител изјави дека можеби постои можност нивните дејства да имаат врска со осум смртни случаи додека полека возеле до болниците.
Возачите се суспендирани додека истрагата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
