Возач загина по тешка сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица
Тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“ се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи. Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хoсптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.
Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.
Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.
Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа