Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
Дваесет и осумгодишен жител на кочанското село Спанчево управувал со возило под дејство на алкохол. Според надлежните од СВР Штип Д.Т. имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Во билтенот на СВР Штип се вели дека денеска во 3:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско.
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, се вели во соопштението од СВР Штип.
Во него се наведува дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297- а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“