Македонија
8. July 2024 - 11:15

Воз удрил во автомобил во Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека од Македонски железници известиле дека вчера во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин, што е обележан со светлосна и звучна сигнализација, удрил во патничко моторно возило.

Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани.

На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и Комисија од МЖ.