Воведени три нови типови инсулин кои не се од паралелен увоз
Воведени се три нови типови на инсулин – два инсулински аналога, инјектибилни и таблетарни. Сите пациенти со дијабетес сега добиваат оригинални инсулини со сертификат за квалитет, којшто не е од паралелен увоз. Дополнително, се набавени и 10 инсулински пумпи, соопштија од Министерството за здравство.
Од Министерството посочија дека во буџетот за годинава се обезбедени 750 милиони денари за набавка на инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин.
– За споредба, во 2018 година буџетот изнесувал 650 милиони денари, а во 2019 година – 692 милиони денари, што покажува котинуиран раст на средствата во буџетот за третман на пациентите со дијабетес, истакнуваат од МЗ.
Од Министерството посочија дека паралелно со ова, на Клиниката за ендокринологија е набавена нова медицинска опрема и нов современ ехотомографски апарат за преглед на тироидна жлезда. Обновен e и офталмолошкиот кабинет, кој е збогатен со нови софистицирани апарати за навремена дијагностика и лекување на офталмолошките компликации на дијабетесот.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”