-->
-->
Ворен: За уништувањето на Исламска држава во Ирак ќе бидат потребни три до пет години
-->
За уништувањето на групата Исламска држава во Ирак ќе бидат неопходни најмалку три години, изјави Стив Ворен, портпарол на командата на меѓународната коалиција, предводена од САД, која изведува воздушни напади врз ИД во Ирак и Сирија, цитиран од ТАСС.
-Уништувањето на ИД ќе одземе од три до пет години, смета Ворен.
Тој, меѓутоа, додаде дека ИД веќе не е толку силна и организирана колку што беше во текот на 2014 година и во последно време ирачките војници, со воздушната поддршка од авионите на меѓународната коалиција, успеале да постигнат значајни успеси во борбата со екстремистите.
ИД и натаму контролира една третина од територијата на Ирак, потсетува ТАСС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка