Балкан
4. December 2017 - 13:57

Вооружени полицајци ќе обезбедуваат одредени меѓународни летови на турски авиони

Вооружени полициски службеници ќе бидат задолжени за безбедност на некои меѓународни летови на турски авиони, соопшти денеска министерот за транспорт, поморство и комуникации на Турција, Ахмет Арслан.

- Полициските службеници ќе бидат вклучени во воздухопловната полиција. Во голем број случаи, тие ќе ја обезбедуваат сигурноста на одредени летови, истакна Арслан.

Според него, оваа практика ќе се спроведува откако ќе се постигнат соодветни билатерални договори.

Арслан не појасни со кои земји Турција ќе склучи таквите договори