Вооружена драма во Ургентниот центар
Триесет и пет годишен маж, по укажаната лекарска помош во лесковачккиот Ургентен центар, бил незадоволен од третманот па го репетирал пиштолот и се заканувал на дежурните лица дека ќе ги убие.
Овој инцидент се случил вчера утрото околу 5 часот, а целата драма траела околу 15 минути, односно се додека полицијата не го уапсила.
- Станува збор за лице кое е донесено во раните утрински часови од тепачка која се случила во дискотеката „Сафир“. Санирано му е крварењето, но тој инсистирал да биде прегледан од ОРЛ. Во тоа време специјалистот од ОРЛ не работи, па тој незадоволен поради тоа извади пиштол, го репетираше, па потоа го наслони на главата кон една медицинска сестра, изјави еден од вработените во болницата за српски „Jugomedia.rs“.
По тоа сите вработени се разбегале, а мажот кој се заканувал почнал да се крие по болничката зграда, но за кратко време бил уапсен од полицијата во Лесковац.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата