Вооружена драма во кумановско: Им впериле пиштол, ги ограбиле и ги врзале со кабел
Вчера во 12:00 часот во Полициската станица во Куманово, З.С. (51) од Куманово пријавил дека во неговата викендица во „Зубовска река“, атар на село Зубовце, кумановско, над него и неговиот сосед Л.Д. (64) од Куманово, двајца непознати сторители извршиле разбојништво.
Кога З.С. и Л.Д. дошле пред влезната врата на викендицата, излегло непознато машко лице кое им вперило пиштол и им рекло да влезат внатре, каде било уште едно непознато лице.
Сторителите им пребарале по облеката и од З.С. одзеле околу 8.000 денари и мобилен телефон, а од Л.Д. одзеле околу 2.000 денари и мобилен телефон.
После тоа, едното лице држело пиштол вперен кон нив, а другото со кабел им ги врзало рацете и нозете, по што излегле од викендицата и со автомобил „Рено Сеник“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.С., побегнале во непознат правец.
По неколку минути и двајцата успеале да се одзврзат, излегле надвор и од соседите побарале телефон и настанот го пријавиле во полициска станица.
Од извршниот увид во викендицата, и по кажување на оштетениот, од викендицата недостасуваат телевизор, сателитски ресивер, ДВД , појачувач, музички миксети и други предмети.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога