Свет
20. September 2021 - 10:52

Вооружен напад во универзитетски кампус во Русија, најмалку петмина мртви

– Пет лица се убиени, а шестмина се ранети кога вооружен напаѓач отвори оган во кампусот на универзитет во рускиот град Перм. Сторителот е уапсен, јави Би-Би-Си.

Според некои информации, бројот на убиени и повредени е многу поголем, но засега нема официјална потврда.

Напаѓачот, за кого официјалниот руски Комитет за истраги соопшти дека е студент на тој универзитет,  утрово влегол во кампусот и почнал да пука.

Би-Би-Си пренесува дека студентите и професорите се забарикадирале внатре во зградата на универзитетот, додека некои скокнале од прозорците. Универзитетот утрово преку социјалните мрежи побара сите кои се во кампусот веднаш да го напуштат, доколку е можно, во спротивно да се затворат во училниците.

Според се уште официјално непотврдени информации напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил порака на социјалните мрежи во киои го објаснува нападот.