Вооружен напад во универзитетски кампус во Русија, најмалку петмина мртви
– Пет лица се убиени, а шестмина се ранети кога вооружен напаѓач отвори оган во кампусот на универзитет во рускиот град Перм. Сторителот е уапсен, јави Би-Би-Си.
Според некои информации, бројот на убиени и повредени е многу поголем, но засега нема официјална потврда.
Напаѓачот, за кого официјалниот руски Комитет за истраги соопшти дека е студент на тој универзитет, утрово влегол во кампусот и почнал да пука.
Би-Би-Си пренесува дека студентите и професорите се забарикадирале внатре во зградата на универзитетот, додека некои скокнале од прозорците. Универзитетот утрово преку социјалните мрежи побара сите кои се во кампусот веднаш да го напуштат, доколку е можно, во спротивно да се затворат во училниците.
Според се уште официјално непотврдени информации напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил порака на социјалните мрежи во киои го објаснува нападот.
Ново на Сител
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија