Вонредни парламентарни избори во Косово
Вонредните парламентрни избори во Косово започнаа утрово во седум часот, кога, според извештаите на акредитираните набљудувачи и на медиумите, без забележителни доцнења се отворија гласачките места во целата земја, јави дописникот на МИА од Приштина.
На овие, седми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, четири коалиции и еден независен кандидат.
Гласањето се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места, кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати.
Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави Централната изборна комисија (ЦИК), имаат 1.937.868 лица, што е за околу 65 илјади повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата – локалните избори од 22 октомври 2017 година.
За следење на изборната кампања и на процесот на гласање се акредитирани околу 33 илјади набљудувачи. Во оваа бројка влегуваат набљудувачите од редовите на учесниците на изборите во гласачките комисии, претставници на невладините организации, владини и меѓувладини организации, меѓународни специјализирани организации кои се занимаваат со избори и човекови права и слободи, претставници на други држави и медиумите.
Прва своето гласачко право го искористи претседателката на ЦИК Ваљдете Дака, која гласаше во 7.00 часот во Приштина. Таа ги повика граѓаните да ја извршат својата обврска, а од партиите побара да придонесат за во светот да се пренесе позитивна слика за Косово.
Денешните парламентарни избори во Косово се одржуваат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
-
Раст на цените на нафтата
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа