Вонредната седница на СБ на ОН за Сирија заврши без резултат
Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на Сирија, заврши без да бидат преземени било какви активности.
За време на седницата постојаниот претставник на Русија, Виталиј Чуркин, влезе во отворен конфликт со претставниците на САД, Велика Британија и Франција, наведува БТА.
Трите западни сили ја обвинија Москва, дека ја поддржува офанзивата на нејзиниот близок сојузник, сирискиот претседател Башар Ал Асад, која е најсмртноносна во граѓанската војна што трае веќе 5,5 години.
Кога сирискиот амбасадор Башар Џафери беше повикан да говори, амбасадорите на САД, Велика Британија и Франција излегоа од салата во знак на протест.
Постојаниот претставник на Русија во ОН ги обвини сириските бунтовници дека го саботираат договорот за прекин на огнот од 9 септември.
Тој исто така ја обвини западната коалиција, дека не ги разликува умерените сили, кои ги поддржува, од терористичките групи, вклучително со Џебхат Фатах аш Шам (Поранешниот клон на Ал Каеда во Сирија, кој до скоро се нарекуваше Џебхат ал Нусра).
-Постигнувањето мир е речиси невозможна задача сега, истакна Чуркин.
Тој, пред Советот за безбедност на ОН изјави дека Русија се уште сака прекин на огнот и обновување на преговорите меѓу страните во сирискиот конфликт.
Постојаниот претставник на Франција во ОН, Франсоа Делатр, нагласи дека итното спроведуање на договорот за прекин на огнот, направен од САД и Русија, е „наша единствена надеж“.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!