Вонредна временска прогноза: Попладне ќе истура, дожд до 20 литри на метар квадратен
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, десет литри на метар квадратен, по што следуваат Берово, Струмица и Виница со девет, Крива Паланка со осум, Дебар и Гевгелија со четири, Маврово и Штип три, Охрид, Лазарополе и Пожаране два, како и Крушево со еден литар на единица површина.
УХМР за денеска прогнозира облачно време со дожд, а на високите планини и снег. Врнежите ќе бидат пообилни од пладне во западните и северните делови каде се очекува да надминат 20 литри на метар квадратен. Ќе дува повремено умерен јужен ветер кој краткотрајно во текот на денот во централните делови ќе засилува. Максималната температура ќе биде до 15 степени.
Утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот. Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе бидат од снег, понекаде во овие подрачја и на височина од 1.500 метри.
Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од дожд во снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се претежно од дожд. Врнежи со помал интензитет, претежно снежни, се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено.
Ново на Сител
-
Претежно облачно, посвежо со врнежи од дожд
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување