Македонија
1. December 2017 - 15:21

Вонредна вест: Се поплави подвозникот во Сарај, заглавени 4 возила

Според информација од РУЦК, Во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил дојде до поплавување на подвозникот во висина од 1 метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација, соопшти АМСМ во вонредниот извештај.

Заглавени биле 4 моторни возила, а луѓето од истите биле извлечени од страна на БППЗ. 

Екипи има се уште на терен.