Вонредна седница во Делчево за штетите од невремето
Советот на Општина Делчево закажа вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето кое вчера го зафати Делчево. Како што информираше претседателот на Советот, Гоце Попов на седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево.
На седнцата ќе биде доднесена одлука за формирање комисија за проценка на штети, а ќе биде објавен и јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети.
Воедно од утрово продолжија активностите за санирање на штетите на поплавените објекти. Екипи на Јавното комунално претпријатие интензивно таботат на расчистување на земјениот нанос на улиците, а во моментот на терен се и стручни екипи кои прават увид на оптетените коловози на неколку улици, со цел да се преземат мерки за итно санирање на штетите.
Телефонскиот број 193 е и понатаму останува отворен за пријавување проблеми за интервенции од сттана на ТППЕ Делчево.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е во постојана координација со сите надлежни институции и притоа изрази благодарност за поддршката и помошта во опрема која пристигна од повеќе општини и истакна дека се преземат сите мерки за враќање на градот во нормала и санирање на штетите.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина