-->
-->
Вонреден состанок на Кризниот штаб на Општина Велес
-->

Да се преземат мерките од Здравствениот акциски план за фаза 1 кој предвидува препораки до јавноста со посебен акцент на најранливите групи, како и активирање на општите и специфичните мерки од здраствените, образовните и социјалните установи со цел редуцирање на ризиците, порачува Кризниот штаб на Општина Велес кој заседаваше по најавата за нов студен бран.
Во најавата што ја испрати Центарот за управување со кризи стои дека регионот на Велес деновиве ќе биде зафатен од екстремно ниски температури што е т.н. жолто ниво или фаза Алерт 1.
Кризниот штаб на Општина Велес препорачува и поактивен пристап кон старите осамени лица, социјално изолираните и бездомниците, обезбедување огрев, храна и лекови, домашни посети од страна на Црвениот крст и вклучување на локалната самоуправа и на центрите за социјални грижи во превентивните мерки.
На состанокот присуствувале претставници од повеќе институции. Договориле да се зголеми нивото на соработка за полесно справување со настанатите ситуации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
