Вонреден надзор во пет здравствени установи во Клиничкиот центар во Скопје
Општата санитарно-хигиенска состојба на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно, покажал синоќешниот вонреден инспекциски надзор спроведен од инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од Кабинетот на министерот за здравство Арбен Таравари.
При надзорот спроведен по насока на министерот Таравари, е утврдено и дека во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво, соопшти денеска Министерството за здравство од каде потенцираат дека веднаш преземаат мерки за отстранување на констатираните недостатоци.
Од Министерството за здравство наведуваат дека целта на надзорот е континуитет во одржување на општите санитарно-хигиенски и санитарно-технички услови во објектот, почитување на работното време, континуирана покриеност на приемните амбуланти за итни случаи, како и почитување на Законот за заштита од пушење, а по случаен избор се контактирани пациенти во однос на етички и професионален однос на здравствените работници.
Ново на Сител
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот