Вонреден коалициски совет во Софија за Северна Македонија
Односите со Северна Македонија ќе бидат главна тема на вонредниот совет на коалициските партнери во бугарската Влада што треба да се одржи вечер во Софија на барање на премиерот премиерот Кирил Петков, јави БНР.
Се очекува Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот на Бугарија, Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје.
Петков најави свикување состанок на коалицискиот совет при посетата на Рим и Ватикан на 24 мај, како и информација од бугарското МНР за текот на разговорите со Северна Македонија.
Во пресрет на вечерашниот состанок, дел од партнерите во Владата се изјаснија дека нема да поддржат промена на позицијата на Софија кон Скопје и тргање на ветото за ЕУ.
Станислав Балабанов од Има таков народ на Слави Трифонов, изјави дека ќе слушнат што ново има да каже Петков, но нивниот став е јасен и базиран на позицијата утврдена со декларација од 44-то Народно собрание и на претседателскиот советодавен совет.
И потпретседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин, член на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и поранешен министер за надворешни работи, изјави дека Бугарија во моментов нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ, бидејќи не бил постигнат никаков напредок.
Според него, неприфатлив е ставот на бугарскиот премиер Петков да се свика ново заседание на Советот за национална безбедност за преговорите со Северна Македонија, само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите, бидејќи не може само „да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи“.
– Немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги оствариме нашите цели. Тоа е ставот на БСП, додаде Вигенин.
Ново на Сител
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
