Вон контрола шумскиот пожар на грчкиот остров Родос
Петти ден по ред противпожарните сили на грчкиот остров Родос од воздух и копно се справуваат со огнените јазици, а шумскиот пожар сѐ уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Претпладнево преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на две села превентивно да се евакуираат, додека пак синоќа беше евакуирано друго село.
Според Секретаријатот за цивилна заштита на Грција денеска постои многу висока опасност од пожари во седум региони од земјата.
Од четвртокот Грција ја зафати нов топлотен бран, втор во период од неколку дена, што се очекува да кулминира утре со температури и до 45 степени.
Директорот за истражувања во Националната опсерваторија во Атина Костас Лавувардос за грчката телевизија ЕРТ рече дека „податоците покажуваат дека топлотниот бран веројатно ќе биде во траење од 16-17 дена, нешто што досега не се случило во земјата“.
Грчките метеоролози коментираат дека станува збор за рекордно високи температури за месец јули во изминатите 36 години, по катастрофалниот топлотен бран во Грција во 1987 година со околу 1.300 загинати.
Ново на Сител
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ