Волонтерска хуманитарната акција под покровителство на претседателот Пендаровски
Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со волонтери од партнерски организации, учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
Пакетите беа подготвени во рамки на хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“, под мотото „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!“ #ТукаСме #ЕдниЗаДруги.
Во проектот кој се реализира под покровителство на претседателот Пендаровски, партнерски организации се: Црвен крст на Република Северна Македонија, Иницијативата #РетвитниОброк, Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, Здружението за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, како и „Храна за сите – Банка за храна“.
Кабинетот на Претседателот соопшти дека целта на хуманитарната акција е преку вклучување на граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во земјава, како и меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси, заеднички да се даде неопходната помош на што поголем број наши сограѓани.
– Во досегашниот тек на хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“ се вклучија десетина општествено одговорни компании, едно дипломатско претставништво и граѓани. Приемот на производи се одвива секој понеделник и среда, а нивната дистрибуција до најранливите категории на граѓани се врши секој петок во канцеларијата на Претседателот „Млади хаб“, информира Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица