Волонтерките на Мировниот корпус во Крива Паланка формираа „Глоу клуб“
Во организација на волонтерките на Мировен корпус, кои се ангажирани во Македонија, синоќа во просториите на локалната самоуправа на општина Крива Паланка се одржа првиот состанок на „Глоу клубот“ за девојчиња.
- „Глоу клубот“ е прилика младите девојчиња од општината да се дружат, да дискутираат на различни теми, да се забавуваат, а пред се да прераснат во лидери и заедно да го подобрат сопственото место на живеење. Учеството во клубот кое е бесплатно ќе им помогне да го усовршат англискиот јазик, бидејќи предавањата ќе бидат на англиски јазик. Ќе има две предавања месечно - едното ќе биде едукативно, а другото забавно, изјави Џордан Лукас, волонтер на Мировен Корпус во Тетово.
Оцени дека основачката средба поминала одлично, а во претстојниот период се очекува кулубот да го посети директорката на Мировниот Корпус.
Околу педесет млади девојчиња од Крива Паланка присуствуваа на првата средба и официјалниот почеток на функционирање на клубот.
- Ќе имаме најразлични теми за дискусија на предавањата, а за посебни теми ќе доаѓаат и други волонтери кои ќе ги водат предавањата. Секако за нас ова претставува одлична можност да научиме нешто ново, а секое ново искуство е добредојдено бидејќи ние сме млади личности во чувствителна развојна фаза од животот, тинејџерска доба. Членството и активностите во клубот ќе ни помогнат полесно да се справиме со предизвиците во животот, вели Андриана Алекосвска, иницијатор за формирање на „Глоу“-клубот во Крива Паланка.
Следната средба е закажана за 26 септември, кога волонтерката Џордан Лукас ќе ги учи младите девојки како да се одбранат во случај на физички напад.
Клубот за девојчиња „Глоу“ е кратенка од англиските зборови кои ја носат пораката „Girls are leading our world“ што значи „Девојките го предводат светот“.
Ново на Сител
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора