-->
-->
Војската во Мали тврди дека пронашла масовна гробница во североисточниот дел на земјата
-->
Војската на Мали денеска соопшти дека пронашла масовна гробница во градот Кидал на североистокот на земјата, неколку дена откако повторно го зазеле градот од сепаратистичките сили Туарег, јави Би-Би-Си.
Во соопштението на армијата се вели дека масовната гробница била откриена во четвртокот за време на операцијата за консолидирање на нивните позиции во градот.
Не се соопштуваат повеќе детали, но беше кажано дека е во тек истрага за изведба на одговорните пред лицето на правдата.
Малиската армија го врати Кидал во вторникот, откако силите на Мировната мисија на ОН во Мали (МИНУСМА) ја напуштија својата база како дел од договорот за повлекување од земјата до крајот на годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено