-->
-->
Воената лабораторија во Портон Даун ги негираше претпоставките на Русија во врска со случајот Скрипал
-->

Раководството на британската воена лабораторија во Портон Даун негира дека има некаква врска со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во градот Солсбери, јави Би- Би- Си.
Ова го изјави Гери Ејткенхед, директор на лабораторијата.
Тој истакна дека претпоставките на Русија оти близината на лабораторијата до местото на инцидентот во Солсбери може да се поврзани на некаков начин се неосновани. Ејткенхед увери дека нема никаков начин нервен агенс, кој се чува во лабораторијата, да биде поврзан со труење на Скрипал и на неговата ќерка.
Директорот на лабораторијата додаде и дека контролата и безбедноста во лабораторијата се на највисоко ниво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
