-->
-->
Воената академија објави конкурс за школување пилоти
-->
Конкурс за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација објави денеска Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Од Академијата ги повикуваат младите граѓани на Република Македонија кои имаат завршено високо образование, не се постари од 28 години и сакаат да бидат идните воени пилоти во Армијата на Република Македонија, да ги достават своите апликации со потребните документи од денеска, најдоцна до 9 март.
При приемот предвид се зема успехот на кандидатите од завршеното високо образование и проверките за физичка подготвеност.
Натамошната селекција, како што појаснуваат од Академијата, се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во Југоисточна Европа.
Конкурсот може да се најде во дневните весници во Република Македонија, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk и Воената академија, www.ma.edu.mk.
Овој конкурс отвора уникатна можност за секој млад граѓанин на Македонија да ги тестира своите можности, капацитети и знаење и да биде воен пилот во Армијата на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата