Воена вежба на американската морнарица во Јужното Кинеско Море
Американски борбен авион Ф-18 полета и слета на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во Јужно Кинеско Море, а летот траел 20 минути.
Станува збор за рутинска вежба во Јужното Кинеско Море, во кое често изведуваат вежби Кина, Јапонија и морнариците на другите азиски земји.
- Видовме кинески бродови околу нас. Тие се една од морнариците кои дејствуваат во Јужното Кинеско Море, а можам да кажам дека не видов ништо освен професионална работа, изјави командирот на јуришната група адмирал Стив Коен.
Морнариците на земјите од регионот на западен Пацифик, вклучувајќи ја и Кина и уште девет азиски држави, работат на законик за непредвидени средби на море, со цел да се избегнат судири.
Американскиот носач „Теодор Рузвелт“ стаса во Јужното Кинеско Море по големите воздушни и морнарички вежби на Кина.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори